ВМРО-ДПМНЕ бара уставните судии да ги вратат парите што си ги изгласаа сами


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ бара уставните судии да ги вратат парите од додатоците кои не им припаѓаат.

-Додека во земјава народот се бори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе.На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО.

Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски.Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите.Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?!

Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.