ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Лидија Димова


Три дена молк од Јавното обвинителство за случајот со 270.000 евра доделени на фризерница, а Лидија Димова како актуелна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, изминативе три години е загушена во криминал, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Цели три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал поврзани со Лидија Димова, а се уште јавното обвинителство и финансиска полиција молчат. Замислете, фризерница која земала 270.000 евра за едукација за медиумска писменост, во 2017 година има завршна сметка со нето добивка од 3.000 денари, а веќе 2018 година откако почнува соработката со Лидија Димова и грантовите, истата фризерница има нето добивка од 2.700.000 денари или фризерница со две столчиња има добивка околу 43.000 евра добивка – рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Лидија Димова да си даде оставка веднаш! Ваков директор не смее да ја води оваа институција, додаваат од партијата