ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и за Филипче околу Онкологија

Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство.Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари. Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение. Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор?
Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат.Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДС со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери. ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.