ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да реагира за можен поткуп од Дака

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, побара од Јавното бвинитечлство да отвори страга кај кого завршиле, според него, ветените 4 милиони евра поткуп што Дака му ги вети на Кичеец  за ШИК Јелак.

-Вкупно 300.000 евра, гратис 2.000 квадрати, 2 милиони евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиони евра за друг, ова е поткупот за бетонската џунгла која овде зад нас ќе никне, а која завршила во џебовите на некој од власта. Дака за оваа работа се видел и со Заев. Ова не се зборови на ВМРО-ДПМНЕ, ова го говори бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, познат по своите анти ЕУ и анти НАТО ставови од снимката која цела јавност ја слушна, а која ние заедно со текст од оваа изјава ќе ја поднесеме до ЈО.

Според снимката која беше објавено во медиумите Дака дал 300.000 евра на Зоран Милески – Кичеец, 2.000 квадрати простор на непознато лице и ветување дека откако ќе го добие ветеното ќе плати уште 4 милиони евра. Заев преку Дака отвора врата за анти НАТО и анти ЕУ политики во државата.СДСМ и ДУИ побрзаа она што сите слушнавме дека Кичеец го вети во снимката да го реализираат. Останува непознато кај кого точно завршиле 4 милиони евра?! – изјави Велјановски, порачувајќи дека Јавното обвинителство не смее да го премолчува очигледниот криминал.

-Се што слушнавме дека Зоран Милески – Кичеец вети, сега е реализирано. За истата работа, како што слушнавме од снимките, Кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашковски, тогашен генерален секретар на владата и Зоран Заев лично.Постапката за добивање согласност е истуркана во рекорден рок од 7 дена. Во услови кога остатокот од граѓаните и фирмите чекаат со месеци. Сето ова индицира на криминал.ЈО мора да отвори случај за злоупотреба на службената положба и овластување против Драги Рашковски и Зоран Заев согласно чл.353 ст.5 од КЗ, изјави Велјановски.