ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог-закон за енергетика


 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно одржување на седница Собранието на која ќе се разгледа предлог-законот за енергетика што вчера беше поднесен по итна постапка, изјави денеска пратеникот Бојан Стојаноски.

„Сметаме дека е во ред образовните и здравствените установи да добиваат поевтина електрична енергија, но намерното изоставување на водоводните и комуналните претпријатија од стана на Владата во нивните предлог мерки е крајно некоректно и недозволиво. Владата со ова покажува дека не ги третира сите граѓани подеднакво, но исто така остава простор водоводните и комунални претпријатија во наредниот период да ги зглолеми цените на своите услуги кои што дополнително ќе го влошат животниот стандард“, рече Стојаноски.

Според партијата ова решение е правично и неселективно, бидејќи ги опфаќаме сите категории на граѓани, установи и стопански собјекти на кои им е потребна поевтина електрична енегрија.