ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ


Портпаролот  Димче  Арсовски соопшти денес дека  ВМРО-ДПМНЕ поднела претставка до Антикорупциската комисија барајќи да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, бидејќи според нив не поднеле  извештај за потрошени над 700.000 евра.

-Над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди. Нормално за билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК итн. Над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно трошеле над 27.000 евра , но немаат покритие за истите пари. Апелирам уште еднаш до Антикорупциската комисија да отвори случај, да ја сфати сериозно работата, бидејќи се работи за огромна сума на пари. Сомнежот е и на граѓаните, и на јавноста, и на сите останати дека тие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое што го правеше СДСМ, од Луј Витон торбата итн. Но, тоа е работа на институциите која што ќе треба да ја истражат и да ја сведат до самиот крај, рече Арсовски.