ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира анкета комисија за СЈО


Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ доставиле предлог до парламентот за формирање анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО, по разрешувањето на Катица Јанева. Во предлогот се посочува дека треба да се испита работењето и начинот на трошење на средстават од буџетот наменети за СЈО.
Анкетната комисија, како што се наведува во образложението на предлогот, треба да испита као се потрошени 15 милиони евра буџетски средства.
Се предлага анкетната комисија да брои 10 членови плус претседател кој би бил од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.