Влошена состојбата на родилката од Куманово


Фото: Б. Грданоски

За жал има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, соопшти попладнево министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција.

Тој рече дека засега жената самостојно дише, но нејзината клиничка слика е полоша, а полош бил и нејзиниот радиографски наод, па нејзината состојба се следи интензивно.

Жената која беше заразена со корона се породи на Клиниката во Скопје, а нејзиното бебе беше негативно на тестирањето.