Влезот во Лувр поскапе поради Олимпијадата


Цената на билетите за Лувр се зголеми за пет евра во пресрет на Олимписките игри во 2024 година, објавено е на веб-страницата на парискиот музеј.
Цената на билетот од вчера е зголемена за речиси 30 отсто, од 17 на 22 евра. Посетата на Лувр и понатаму ќе биде бесплатна за лица помлади од 18 години и за жителите на Европската економска област помлади од 26 години.
Како што објаснуваат од управата на музејот во соопштението, поскапувањето е последица на инфлацијата и поскапувањето на струјата. Сепак, секој друг посетител има право бесплатно да ја види изложбата, забележуваат од музејот.
Отворен во 1793 година, Лувр е најпосетуваниот музеј во светот. Париз очекува околу 15 милиони туристи да присуствуваат на Летните олимписки игри.