Влезниците за Брајан Адамс  од 1.999 денари до 4.000 денари


Влезниците за концертот на Брајан Адамс во Скопје се движат од 1.990 денари до 4.000 денари, објави организаторот „Авалон продукција“.

ПАРТЕР- 1.990 денари,  SILVER SEATS- 2.500 денари (блок 1, 5, 6, 10, 11 и 15), GOLDEN SEATS- 2.990 денари (блок 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12 и 14) и ВИП 4.000 денари (блок 13).

На овој концерт нема да постои категоријата ФАН-ПИТ затоа што Брајан Адамс не сака да ги двои фановите, и никогаш и никаде не постои фан-пит како категорија на неговите концерти.

Најголемата канадска рок-ѕвезда Брајан Адамс доаѓа во Скопје на 13 ноември , што ќе биде негов прв концерт во Македонија. Тој ќе настапи во ВИП-арената „Борис Трајковски“ во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“ наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Скопјани првпат во живо ќе се слушнат хитовите „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни, во 9 часот наутро.