Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фест во Дојран


Фото: Б. Грданоски

Музичката легенда со неверојатна техника за свирење гитара Влатко Стефановски летово првпат ќе настапи пред фестивалската публика во Дојран со акустичен концерт.

Некогашниот член и еден од основачите на „Леб и сол“ ќе ги забавува посетителите на фестивалот со неговиот препознатлив стил на музика, во звукот на етно, рок, џез фјужн и блуз.

Фестивалот годинава се одржува од 12-14 јули со бројни домашни и регионални ѕвезди.