Властите ги повикаа Американците да не патуваат за Денот на благодарноста

 

Американскиот центар за превенција и контрола на болести ги повика Американците поради епидемијата од кроона вирус следната недела да не патуваат за празникот Ден на благодарноста.

Сојузната влада на претседателот Доналд Трамп не воведе карантин или некое ограничување на движењето, а одлуката за тоа ја препушти на сојузните држави.

Денот на благодарноста, кој се слави последниот четврток од ноември, оваа година на 26 ноември, со специјална вечера за членовите од семејството, е најголем семеен празик во САД, кога многу Американци патуваат кај блиски роднини на гости.

Центарот за превенција смета дека оваа година најдобро е празникот да се прослави дома со членовите на семејството.

„Ако луѓето не живееле со вас последните 14 дена пред празникот, тие нема да се сметаат за членови на вашето домаќинство, па би требало да преземете дополнителни мерки на претпазливост, како носење маски дома“, наведоа санитарните власти и додаваат дека тоа особено се однесува на студентите кои патуваат дома за празникот.