Власта ја бојкотира надзорната расправа за аерозагадувањето

Власта ја бојкотира расправата за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која ја води лидерот на Левица, Димитар Апасиев.И покрај очигледните саботажи од спикерот на парламентот Африм Гаши и од пратениците на владеечката коалиција таа да се префрли во друга комисија што тие ја контролираат, по заканите дека ќе следи кривична пријава расправата беше закажана и се одржува.
На распрвата се поканети 40 надворешни гости, но не сите прифатија да присуствуваат, меѓу кои и извршниот директор на „Усје“, кое е на удар на критики како голем загадувач. Ќе бидат сослушани овластени претставници и сведоци поделени во шест сесии – претставници од невладини организации, академската заедница, единиците на локалната самоуправа, јавни институции, владини претставници и од приватен сектор.
Пред расправата Апасиев рече дека и покрај сите обиди да биде спречена расправата, и покрај закажувањето толку комисии денес со иста цел, сепак решиле да ја одржат бидејќи така побарале 20 пратениции и ,ако не го стори тоа, ризикува кривична пријава. Со оглед на тоа дека оваа расправа е овозможена со новиот Деловник, тој посака таа да биде светол пример за нова политичка култура во Македонија.
Запрашан дали ќе му поднесе кривична пријава на Гаши за обидите да ја блокира расправата, Апасиев рече дека нема основа за тоа бидејќи Гаши не произвел правен акт, односно не донел формална одлука да не се оддржи таа откако сфатил дека ќе се соочи со судска разврска. Според него, Гаши пробал со втор допис да го спречи во намерата да ја закаже расправата, а во дописот било мислењето на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања, што Апасиев го оспорил и го отфрлил, бидејќи немало правна сила и според него е резултат на спротивставени интереси.