Владо Јаневски откри како му е со нова песна (видео)
„Премногу сум давал на некој кој не знаел да прима, предолго сум останал кај што не требало да ме има. Околу срце дигнав бедеми, никој да не ме повреди, а дојде ти и без збор ме убеди во себе да те пуштам и во љубов пак да верувам“, пее Владо Јаневски во новата песна ,,Твој засекогаш”, промовирана на Јујтјуб, со аранжман на Никша Братош, снимена во НБ студио во Загреб и во Ентерпрајз во Скопје.
Јавноста се прашуваше што се случува со поп-ѕвездата (64) , кој веќе неколку години наназад е преселен во Гевгелија. Напрасно беше откажан неговиот концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје кон крајот на декември 2024 година, во организација на „Авалон“. Објаснувањето беше поради неговата здравствена состојба, но и поради технички проблеми.
Неговите настапи можат да се избројат на прсти, исто така и концерти. Во 2021 година се врати на поп-сцената со спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Ова беше прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако во 2020 година, во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.