Владини претставници во посета на кумановската болница


Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерите за здравство и за образование и наука Венко Филипче и Арбер Адеми, денеска остварија средба со директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева и епидемиолозите при што се информираа за тековната состојба и предизивиците со кои се соочуваат, за надминуавње на тековните проблеми.

Во Куманово, посочи премиерот Спасовски, направен е најголем процент тестови на ниво на државата.

-Со континуираните заложби што ги прават лекарите и медицинскиот персонал во болницата, заедно со епидемиолозите во Центарот за јавно здравје во општината и матичните лекари, ќе успееме да застанеме на патот на ширењето на вирусот. Уште еднаш апелирам да се почитуваат препораките за физичка дистанца, особено зашто ни претстојат велигденските празници. Така најмногу ќе му помогнеме и на здравствениот персонал во Куманово кои се во првите редови во справувањето со коронавирусот-, истакна во својата изјава за медиумите премиерот Спасовски.    

 

Министерот за здравство  Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски, иако има одреден дел и од здравствените работници.

-Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите досега  покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните, рече Филипче.

 

Директорката на болницата Захариева изрази благодарност до владините претставници за средбата на која било разговарано за можностите за поддршка при справуавњето со состојбата, заблагодарувајќи се на министерството за извршените тестови на вработените во установата. Таа рече дека градот има над 110.000 жители и голем број заболени, дека засега примаат пациенти со средно тешка клиничка слика и лесна, но дека се подготвуваат и во случај ако има поголем број заболени. Што се однесува до бројот на заболените во болницата, Захариева истакна дека има позитивни случаи и изрази благодарност за реорганизацијата во установата, како и дека со персоналот кој не е позитивен ќе ги задоволат потребите на граѓаните на Куманово.Во петокот, најави, по спровдените анализи ќе се одлучи дали ќе останат два капацитети на инфективното одделение.