Владини членови биле во контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче дали ќе се тестираат


Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид 19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани другите, ќе добијат информација од министерот за здравство.

Ова го истакна министерката за финансии, Нина Ангеловка, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.

-Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ. Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме, го имаме министерот за здравство, тој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени. Во Владата на дневно ниво сме во релација и на долг рок ова нема да го издржиме, да беагаме еден од друг. Во овој период мора да се заштитиме и затоа, и кога ги имаме состаноци, сите седиме на два метри и сите носиме маски. Ако погледнете целата влада е адаптирна да ја држиме таа дистанца и да ги почитуваме сите препрораки и се што треба да преземеме, истакна Ангеловска.

Таа додаде дека ова е шанса сите да ги трансформираме бизнисите, процесите, и можеби дел од нашето однесување. Порача да го искористиме карантинот за да придобиеме некоја нова вештина и да излеземе попаметни и подобри.