Владимир Пешевски во самоизолација


Поранешниот вицепремиер во владата предводена од Никола Груевски, Владимир Пешевски, неколку дена е во самоизолација, дознава „Слободен печат“.Причината за самоизолацијата е член од потесното семејство бил позитивен на коронавирусот, па на Пешевски му била определена задолжителена самоизолација.

Токму поради таа состојба денеска во Кривичниот суд беше одложено рочиштето за случајот „Траекторија“.

Случајот се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.