Владата разреши членови од Комисијата за УНЕСКО за Охридскиот регион


Владата на Северна Македонија направи промени во членовите на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Според информациите објавени во Службениот весник, од членови на Комисијата се разрешени Донка Барџиева – ТрајковскаЕлеонора Новаковска и Сашо Коруновски, а на нивно место се именувани Јулија ТричковскаГоран Патчев и Ана Петровска.

Одлуката била донесена на седница на Владата од 26-ти мај, а стапила на сила со објавата во Службен весник на 1-ви јуни.

Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион е формирана во јануари 2018 година и претставува координативно и советодавно тело која дава мислења за нацрт-извештајот за состојбата УНЕСКО статусот на Охридскиот регион и за мислења при планирање, изработување и практично спроведување на законите и другите прописи со кои е засегнат Регионот. Комисијата е составена од претседател, заменик-претседател и 21 член кои ги именува Владата,

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охрид и регионот одамна се изминати, а досега надлежните исполнија само дел од административните задолженија но останаа проблемите со инфраструктурата. Во меѓувреме пандемијата со коронавирусот одложи дел активностите за заштита на подрачјето.

Последниве денови повторно се актуелизираше проблемот со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, откако активистите реагираа дека кај авто-кампот „Градиште“ повторно се гради нелегален ѕид на брегот.

Неодамна и Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Владата да ги одземе надлежностите на сите општини за уривање на нелегално изградените објекти во охридско-струшкиот регион под заштита на УНЕСКО, со образложение дека предвидените средства на Општина Охрид за оваа намена се премалку.