Владата одвои повеќе пари за енергетска ефикасност во домаќинствата

Фото: Б. Грданоски

Вкупно 29,7 милиони денари е новото зголемување за Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година, со што Владата на вчерашната седница ги зголеми субвенциите на 79 милиони денари.
Со измената предвидени се дополнителни пет милиони денари за субвенции за сончеви колектори, 14,7 милиони денари субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети. Од вкупните 30 милиони денари за печки за пелети,15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предност при доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.