Владата одржува вонредна седница


Владата вечерва со почеток во 19:30 часот, ќе одржи седница преку видео-конференциска врска. За заклучоците, како што наведуваат, од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.

Откако синоќа на средба кај претедателот Пендаровски лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се договорија изборите да се одржат на 5. јули, денеска Заев излезе со нова понуда до Мицкоски – избори на 8. јули – среда.

Заев денеска изјави дека ќе побара од техничкиот премиер, Спасовски, и од Владата на специјална седница вечерва Владата да изгласа предлог за продолжување на вонредната состојба од нови три дена.

Техничкиот премиер денеска рече дека нема потреба од прогласување нова вонредна состојба, а, за да има функционални институции, изборите мора да се организираат.

По синоќешната лидерска средба, од ВМРО ДПМНЕ денеска со обвинувања на сметка на претседателот Стево Пендаровски.