Владата одлучи: Бесплатни креми за сончање за сите граѓани во Холандија


Докажано е дека кремите за заштита од сонце се најдобрата превенција од рак на кожата предизвикан од изгореници.

Владата на Холандија донесе мерка според која на граѓаните во текот на летото ќе им обезбеди можност бесплатно да нанесуваат крема за заштита од сонце на бројни локации во градовите.

Граѓаните на Холандија оваа сезона ќе добијат бесплатни креми за сончање со цел да се намали рекордниот број заболени од рак на кожа во оваа земја.

Дозерите со производи за заштита на кожата од сонце ќе се нудат во текот на летото во училиштата, универзитетите, фестивалите, парковите, спортските настани и урбаните средини, објави холандската влада. Политичарите велат дека целта на оваа мерка е да се прошири свеста за важноста на заштитата на кожата за време на летото и желбата да се направи што е можно подостапна за пошироката популација, која повеќе нема да има изговор дека е скапа или тешка за купување, пренесува порталот Т.

Идејата  е на дерматолог, кој предложи точење средства за дезинфекција на раце кои се користеа за време на пандемијата едноставно да се пренаменат за оваа намена, што ќе ги охрабри граѓаните да го направат нанесувањето крема за сончање секојдневна навика. Докажано е дека кремите за сончање се најдобрата превенција од рак на кожата предизвикан од изгореници.

Посебно е важно да се заштитат децата и да се создаде навика да се грижат за нивната кожа исто како што се грижат за миењето на забите, велат од клиниката Северно Море, од каде започна иницијативата.

Тврдат дека инвестирањето во оваа мерка долгорочно ќе ги намали трошоците што ги бара значително зголемениот број на заболени од рак на кожа во последните години, со тенденција на зголемување во наредните години во кои се предвидуваат лета со зголемени температури и УВ зрачење.