Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во Крушево со 2,5 милиони денари

Овој футуристички споменик во Крушево со необични краци, на тандемот Јордан и Искра Грабулоски, се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот


 Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. 

Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција. 

Прес-конференција на портпаролката на Владата Марија Митева.

Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години. 

Толку од грижата за „македонштината“ – Македониумот во Крушево поплавен и скапува (Видео)

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат  оставен без потребна заштита. Од тогаш до денс цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик. Би сакала да потенцирам дека „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објект, создаден со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност. Затоа и дел од експертизата ќе ја обезбедиме од странство, за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено, рече Митева.

Уметничко-архитектонското ремек дело на тандемот Јордан и Искра Грабулоски – споменикот „Илинден“ или повеќе познат како „Македониум“ во Крушево е отворен на 2 август 1974 година, на 30-годишната од прославувањето на АСНОМ и на 71-годишнината на Илинденското востание. Овој футуристички споменик со необични краци се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот.

MoMA

„Македониум“ дел од изложбата Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980 во Музејот на современа ументст во Њујорк

Оваа модернистичка експресија на брачниот пар Грабулоски, составена од белата срцевидна градба со овални прозори и колоритни витражи, како и од придружните елементи од овој споменичен комплекс, како раскинатите пранги, криптата и амфитеатарот опкружен со шарените релјефи, се предмет на разгледување на многу светски публикации за дизајн и архитектура, а „Македониумот“ беше дел од големата изложба за архитектурата во Југославија, што беше отворена во престижниот музеј МоМА во Њујорк, во 2018 година.

makedonium (2)

makedonium (4)

makedonium (3)