Владата ќе одвои 30 милиони за Вардар и милион денари за Алили за освоените европски титули


Фото: Б.Грданоски - Дочек на шампионите

Владата денеска на седница донесе одлука да додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет.

На седницата е донесена и одлука да додели еден милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети и 300 илјади денари на неговиот тренер.