Владата ќе го разгледа извештајот од Главниот кризен штаб за справување со Ковид-19


Владата денеска напладне ќе одржи седница онлајн на која ќе го рагледа записникот од шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19.

На дневен ред на оваа владина седница се и Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2019 година, Годишниот извештај за работата на Државното правобранителство за 2019 година, како и неколку точки под надлежност на Министерството за транспорт и врски како што се информацијата за напредокот на изградбата на железничкииот граничен премин „Табановце“ до 30 септември годинава и Ииформацијата за воведување на информациски систем за управување со енергијата – ЕМИС до 30 септември годинава.