Владата ќе ги разгледа барањата на матичните лекари

Владата ќе го разгледа барањето на матичните лекари, најави денеска од Штип премиерот на Владата, Оливер Спасовски, по повод нивното барање на за пакет економски мерки за подршка на матичните лекари.

– Како Влада направивме се вложуваме во човечкиот потенцијал посебно во здравствениот сектор, заради тоа што сметавме дека, ако не се вложи во човечкиот потенцијал во здравствениот сектор, ќе имаме сериозен проблем . Тоа се покажа сега во оваа здравствена криза, дека одлуката на Владата да се вложува во човечкиот потенцијал е најисправна, заради тоа што вие може да имате и опрема, можете да имате и инфраструктура, згради, ако нема стручни компетентни луѓе, кои се надградени соодветно во образовна смисла во здравствениот систем, тогаш тој систем не може да функционира, рече Спасовски.

Тој забележа дека здравствената криза со Ковид-19 покажа дека македонскиот здравствен систем е стабилен и има здравствени работници кои многу посветено, одговорно и пожартвувано работеа во сите здравствени институции. Прашан зошто како Влада не ги послушаа препораките на Комисијата за заразни болести  минатиот викенд да биде целосно карантински, туку поткленаа на притисоците на ИВЗ и на други политички партии, Спасовски со одговор дека тие како Влада ги имаат испочитувано препораките на Комисијата за заразни болести.

– Направивме полициски час, направивме затворање на движењата на граѓаните за време на овие празнични денови. Направивме отворен простор, меѓутоа и тоа не под притисок на било кога. Јас реков дека нема ниту еден поединец, ниту институција, нити верска заедница или било кој друг, којшто е посилен од државата. Државата ги носи сите одлуки, а одговорност мора да има секој. Ние упатуваме како Влада секојдневни повици, укажуваме на секоја од мерките којашто треба да ги почитуваме. Секој од нас, кој ги почитува мерките треба и може превентивно да се заштити. Така да одговорноста не може да биде на институциите или на поединци, туку треба да биде одговорност на сите нас, за тоа колку ќе успееме да се заштитиме, вели Спасовски.

Забележа дека граѓаните мора свеста да ја подигнат на едно повисоко ниво, затоа што како што рече, кога се разговарало дали требало или не требало да има карантин најголем дел од луѓето и медиумите укажуваа дека не се потребни рестриктивни мерки и затварање на државата.

– Од друга страна кога тоа ќе ни се случи, повторно прашуваме зошто сега не сме затвориле, зошто сега не сме ја блокирале државата, зошто немаме рестриктивни мерки, едноставно државата не може да живее постојано под рестриктивни мерки. Имаме состојба во којашто здравствениот систем функционира, состојба во која здравствениот систем може да одговори на сите потреби и на основа на тоа ги носиме и ги носиме понатамошни мерки за разлабавување на рестриктивните мерки, вели Спасовски.