Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025


Фото: Б. Грданоски

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025, која што е целосно преструкртуирана според новата кластерска  методологија за пристапни преговории, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Една земја членка – Бугарија, порача Димитров, може да стави вето на почетокот на пристапните преговори, усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција, меѓутоа никој не може да ни стави вето на домашната реформска агенда – Европеизацијата мора да продолжи.

– Програмата ќе се претстави и следи и во Собранието. Треба да докажеме дека имаме стабилна демократија и дека ориентацијата и динамиката нема да ја менуваме со секои избори, изјави Димитров.

НПАА ги дефинира стратешките правци, приоритетите, динамиката и потребните ресорси и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Нејзината подготовка е со активно учество на околу 800 државни службеници од преку 150 државни институции.

– Клучна цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија за целосна еворпеизација или потполно членство во ЕУ. Политичката порака и тежина на НПАА е многу поголема од самиот документ. Со програмата 2021-25, прво покажуваме дека сме ориентирани кон европеизација на државата преку премостување препреки и дека знаеме точно што правиме. Второ, демонстрираме дека сме сериозни и одлучни во намерата да се менуваме. Трето потврдуваме способност, капацитет и верба во сопствените инстутуции како тоа ќе го направиме и четврто проектираме визија и политички хоризонт подалеку од следните избори, појасни Димитров.

Првата НПАА е подготвена и усвоена во 2005-06 година и од тогаш редовно се врши нејзина ревизија. Последнета ревизија на програмата е направена во 2017 година.

– Актуелната ревизија на НПАА битно се разликува од сите претходни. Прво, затоа што во март 2020 година земјите членки на ЕУ донесоа одлука за почеток на пристапните преговори. Во таа смисла се очекувањата дека земјата ќе биде поголема во амбициите и ќе носи подобри стратешко дефинирани цели. Второ, затоа што процесот во иднина ќе се движи според правилата на Новата методологија за зајакнати пристапни преговори, со посилен политички инпут и значително зголемен интерес од земјите членки. Трето, затоа што ова е првпат НПАА да биде целосно преструкртуирана според новата кластерска структура и тоа, не само технички, туку и суштински, нагласи Димитров.

НПАА, посочи Димитов, е жив документ што ќе се нагдрадува – најверојатно првата поголема ревизија ќе биде по одржувањето на билатералниот скрининг.

Програмата е соодветно прилагодена преку групирање на поглавјата во шест кластери или стратшеки области. Кластер 1 – демократија и добро владеење, Кластер 2 – внатрешен пазар, Кластер 3 – конкурентност и инклузивен раст, Кластер 4 – зелена агенда и одржливо поврзување, Кластер 5 – земјоделство, ресурси и кохезија и Кластер 6 – надворешни односи.