Владата ја принуди Алфа Ромео да го смени името на новиот модел, повеќе не се вика „милано“!


Оригиналното име на моделот не траеше ниту една недела.

Alfa Romeo во понеделникот објави дека ќе го смени името на својот новолансиран теренец Milano во Junior по притисокот од италијанската влада.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија, ја критикуваше „Алфа Ромео“ за рекламирање на „странски“ автомобил со италијанско име. Имено, „милано“ (сега „јуниор“) ќе се произведува во фабриката „Тихи“, која се наоѓа во Полска.

„Автомобил наречен „милано“ не може да се произведува во Полска“, рече Урсо во четвртокот.

„Тоа е забрането со италијанскиот закон“.

Тој се повикува на законот од 2003 година, кој вели дека не може да се изнесуваат информации кои ги доведуваат во заблуда потрошувачите. Значи, автомобил со значката „милано“ мора да се произведува во Италија. Инаку, компанијата дава погрешни индикации кои не се дозволени според италијанскиот закон, пренесува Reuters.

Како „милано“, „јуниор“ е уште едно оживеано име од историјата на брендот. Можеби дури и повеќе му одговара на овој нов мал кросовер отколку „милано“.

Junior првично беше користен од Alfa Romeo како ниво на опременост во средината на 1960-тите за неговите почетни купеа од сериите 105 и 115 Giulia.

„Ние сме целосно свесни дека оваа епизода ќе остане врежана во историјата на брендот“, рече извршниот директор Жан-Филип Импарато во врска со промената на името по притисокот од властите.

„Тоа е голема одговорност, но во исто време е и возбудлив момент. Изборот на новото име Alfa Romeo Junior е сосема природен, бидејќи е силно поврзан со историјата на брендот.