Владата именува 19 државни правобранители за повеќе градови


На предлог на Комисијата за именување, Владата на синоќешната 19-тата седница согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Република Северна Македонија именува 19 државни правобранители.
Како што соопшти владината прес-служба за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје именувни се Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, за подрачјето на Куманово Драган Јовановски и Бесим Весели, за подрачјето на Охрид Агрон Речи, а за подрачјето на Струмица Татјана Донкова.
За државен правобранител за подрачјето на Гевгелија именувана е Мирослава Панарова, за подрачјето на Велес Валерија Николова, за подрачјето на Штип Билјана Симонова-Тасева, за подрачјето на Кавадарци Сузана Костова-Коцева, за подрачјето на Битола Ѓоко Талевски, за подрачјето на Прилеп именуван е Киро Северкоски, а за подрачјето на Кочани Олгица Јанева.
Владата на седницата за државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово го именуваше Фетуш Алили, за подрачјето на Гостивар Илбер Јусуфи, а за подрачјето на Струга Катерина Талевска-Скепароска.