Зелено светло за почеток на постапката за ЈПП или за продажба на ТЕЦ „Неготино“


АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) треба да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство (ЈПП) или за продажба на ТЕЦ Неготино, одлучи Владата на денешната седница.

Владата го задолжи ЕСМ да спроведе и постапка за избор на трансакциски советник за евалуација во постапката за изразување намера за изградба на ХЕЦ „Чебрен“.