Владата го усвои текстот на барањето до ММФ за кредитот од 530 милиони евра
Владата на денешната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.
Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.
Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од склучување Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет, за воспоставување на партнерство за миграција и го прифати усогласениот текст на Меморандумот. Склучувањето на овој Меморандум, според објаснувањето од МВР, ќе придонесе во унапредување, продлабочување и проширување на дијалогот во областа на миграцијата.