Владата го разреши директорот на Државен пазарен инспекторат, Стојко Пауновски


Владата денес го разреши директорот на Државниот пазаран инспекторат Стојко Пауновски поради негово „непрофесионално однесување“, соопшти Владата на нејзината официјална Фејсбук страница.
„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување.
Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, соопшти Владата.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој се спротивстави да прифати 32 рамковни вработени што на ДПИ беа доделени од страна на Владата.

Неговото образложение беше дека не може да ги преземе во Инспекторатот сите 32 лица, туку само оние кои имаат соодветно образование. Пауновски и премиерот Заев неколку дена разменуваа пораки преку медиумите за тоа дали овие лица треба да бидат распределени на работни места во ДПИ.

 
 

Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува…

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Tuesday, April 27, 2021