Владата го демантира Јанушев: Рестораните не работат, кај ќе ги јадеме школките и раковите?


Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските

Партијата ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции сè уште не работат, а она што нема да се реализира нема ни да се плати, реагираше Владата на прес конференцијата на Игор Јанушев, кој тврдеше дека додека граѓаните имаат само за леб и сол, во Владата се набавувале школки, октоподи, морски риби …

-На  прес- конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беа изнесени селективни и тенденциозни информации со цел да се создаде лажна слика за расходите на државните институции. Во име на навремено и точно информирање, ги известуваме граѓаните дека набавките на производи за угостителски услуги се редовни, планирани и се спроведуваат секоја година, целосно транспарентно и согласно сите процедури за јавни набавки.Плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа, а количините кои се набавуваат се предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години.

Владата очекува дека потрошените и наплатени количини на производи за храна оваа година ќе бидат значително помали од претходните, особено ако се знае дека рестораните за време на здравствената криза не работеа и сè уште не се во функција, а во 2020 година значително е намален обемот на посети од странски делегации.

Со набавките на основни и специфични прехранбени услуги се опслужуваат Владата, Собранието и претседателот, а реални корисници се сите државни институции и сите корисници на услугите на рестораните на Владата, Собранието, претседателот, Клубот на пратеници, вклучително и сите странски претставници на бројните делегации кои доаѓаат во официјални и работни посети на нашата земја.Рестораните воедно остваруваат и приход преку овие услуги, со оглед на тоа што тие имаат можност да наплатат на вработените во горенаведените институции.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека Владата мора да се подготвува за периодот кога институциите ќе продолжат редовно да функционираат и да примаат делегации од земјите и партнерите на Северна Македонија од целиот свет.

Владата ќе продолжи со транспарентно и домаќинско однесување. За разлика од пред три години, сега секој денар на граѓаните е ставен на јавен увид, а службените трошоци на функционерите се намалени за повеќе од двојно во споредба со годините на претходната влада.Потсетуваме дека во периодот до 2017 година, наместо да се стават во функција рестораните на институциите, се трошеше неконтролирано со енормно високи платени фискални сметки и фактури низ луксузните кафеани низ државата, стои во демантот на Владата“, посочија од Владата.

Јанушев се повика на веб страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата на 7 април купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи во период додека, како што оцени тој, медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа.

-Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба, рече Јанушев.

Според него, доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри.

-Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно, рече Јанишев.