Владата ги исклучи градинарите од полицискиот час


Владата на денешната седница, појасни дека исклучокот од утврдениот полициски час за време на викендот се однесува на  земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период.
Дополнително, оние земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници кои преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пријават за добивање на дозволи за движење, Министерството треба да им ги издаде.
 Владата ги задолжи и сите органи на државната управа кои добиваат помош од билатерални донатори итно да го известат Секретаријатот за европски прашања за висината на средствата кои стојат на располагање за секој од проектите. СЕП потоа, ќе достави формално барање до билатералните донатори за пренамена на средствата за справување со КОВИД-19, согласно утврдените приоритетни потреби.
На оваа седница Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште.Согласно оваа Уредба, роковите кои се определени согласно Законот за земјоделското земјиште за донесување на одлука по отпочнати  постапки со прибирање на понуди кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и почнуваат одново да течат по истекот на траењето на вонредната состојба.По истекот на траењето на вонредната состојба изборот на најповолен понудувач во отпочнатите постапки со прибирање на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари ќе се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми  информираше за поставувањето на Националната платформа за е-настава која од денеска ќе се користи во образовниот процес за време на вонредната состојба, и дека се работи на решение за учениците кои немаат пристап до интернет.