Владата демантира дека имало кавга за 1 Мај


Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските
Владата ги демантира дезинформациите изнесени во некои портали поврзани со наводна расправија околу забраните за движење за време на првомајските празници.
-Ја информираме јавноста дека Владата денеска не одржува седница, ниту пак таква седница е закажана за денеска, ниту пак имало било каква „жестока расправа”, ниту постои било каков план за дополнително заострување на мерките.Дополнително, ги информираме граѓаните дека Владата ќе продолжи со концептот мерки кои беа воведени пред неколку дена, а кој се темели на помали рестрикции на движењето, но со задолжително носење заштита на лицето, држење дистанца и негрупирање.
Владата при носењето на мерките се води пред се од препораките на епидемиолозите и исклучиво со цел заштита на здравјето на населението. Одлуките за ограничувањата на движењата за претстојниот викенд ќе бидат донесени на првата следна владина седница, штом истата биде закажана.  Владата бара од сите веб портали и медиуми кои ја објавиле дезинформацијата да ги повлечат лажните вести и да го објават овој демант, стои во соопштението на Владата.