Владата бара МВР да ги стопира распоредувањата и унапредувањата


Фото: Б. Грданоски

Владата на денешната седница донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за распоредувања и унапредувања во Министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.

На седницата беше усвоен и предлогот за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена.

-Владата на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за состојбата и со предлог за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена, заради неопходните дејствија за справување со КОВИД-19 и заради економските мерки, информира владината прес-служба.