Владата ѝ даде 2,5 буџети на Општина Вевчани за девет проекти
Девет проекти во вредност од 26 милиони денари директна помош од Владата се реализираат во општина Вевчани, информира при денешната посета министерот за локална самоуправа Златко Перински, која е во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“.
По средбата со градоначалникот Спасе Кочовски, министерот заклучи дека Вевчани инфраструктурно е добро покриена општина и оти не изостанува во делот на капиталните инвестиции.
– Иако е скромна општината, навистина сум среќен од она што го слушнав од градоначалникот е дека соодветно одговараат на потребите на граѓаните. Ќе потсетам преку првиот и вториот јавен повик за реализација на девет инфраструктурни проекти, општината доби од Владата околу 26 милиони денари. Доколку се спореди тоа со годишниот буџет на Општината, кој што е околу 10 милиони денари, од страна на Владата како директна финансиска помош добиени се околу 2,5 до 3 буџети за имплементација на девет проекти – изјави Перински.
Изрази уверување дека Министерството ќе продолжиме да помага, посебно во помалите општини, затоа што смета дека навистина им треба помош.
На општинската администрација и беше образложено значењето на ресурсниот центар, кој како што појасни министерот, е замислен како единствен контакт за сите проблеми на општините, кои што ќе се вкрстуваат со решенијата или знаењата што ќе ги понудат експертите.
– Сметам дека соодветно ги поставивме и ги поместивме на подобро работите во делот на локалната политика и регионалниот развој. Од една страна интервентно финансиски поддржавни проекти, од друга страна работиме на зголемуање на финансиска независност на општините. Тука е и поддршката во делот на експертизата преку ресурсниот центар – истакна Перински.
Еден од приоритетите на Општината е изградбата изградбата на мултифункционално игралиште, за кое Министерството за локална самоуправа вети обезбедување средства за негова реализација.
Посета на министерот за локална самоуправа, според Кочовски, ја потврдила одличната соработка на локалната власт со централната. Тој потсети дека со директна помош од Владата во делот на енергетска ефикасност поставени се фотоволтаици на Детската градинка и зајакнати се капацитетите за одржување на локалните патишта и на јавното комунално претпријатие во Вевчани.
– Од голема корист ни е поддршката што ја добиваме од Министерството за локална самоуправа. Ние, мала опшина со тие средства задоволуваме голем дел од потребите за одржување на хигиената во Вевчани, патната инфраструктура и изградба на енергетски ефикасни објекти, истакна Кочовски.
Преку програмата од Југозападен плански регион, информира дека Општината добила мини багер, кој ќе допринесе за одржување на инфраструктурата.