Влада Урошевиќ донираше свои книги на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со особена благодарност ја прими донацијата на книги од академик Влада Урошевиќ, еден од најистакнатите современи македонски книжевници, поети, есеисти, преведувачи и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Оваа значајна донација претставува драгоцено збогатување на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите непосреден пристап до дела од автор чие творештво остави длабока трага во македонската книжевност и култура.
Изразуваме искрена благодарност до академик Урошевиќ за неговата великодушност и доверба. Со вакви благородни гестови се потврдува значењето на библиотеките како чувари на пишаниот збор и на културното наследство, во служба на сегашните и идните генерации.