Вкупното домашно производство на енергија лани покрило 37,9 отсто од потребите


Фото: Б. Грданоски

Вкупното бруто-примарно производство на енергија во земјава минатата година изнесувало 1.040.502 toe или 37,9 отсто од вкупно потребната енергија, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупната потребна енергија во 2022 година била 2.746.673 toe.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2022 година се: сообраќајот со 41,1 отсто, домаќинствата со 26,3 отсто и индустријата со 20,1 отсто (од расположливата финална потрошувачка).