Вкупно 274 лица се лекуваат од Ковид на инфективните оддели во Скопје
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Од Министерството за здравство денеска соопштија дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Инфективната клиника имало по пет нови приеми на пациенти во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.