Вкупно 21 починат со Ковид-19 и 690 нови случаи


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа направени се 2 790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здраво.

Процентот на позитивни од вкупниот број на тестирани е околу 25 отсто. Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.

Новите случаи се во: Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 676 оздравени пациенти од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г, 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга (78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица: Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=21), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети. Активни се 12 317 случаи

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278 872, бројот на оздравени пациенти е 257 956, на починати е 8 599, а бројот на активни случаи изнесува 12 317.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 127.779, Активни 6.500
Куманово 15.330, Активни 553
Битола 13.325, Активни 790
Прилеп 13.025, Активни 363
Тетово 12.767, Активни 423
Кавадарци 9.443, Активни 560
Гостивар 9.022, Активни 261
Велес 8.759, Активни 343
Охрид 8.187, Активни 291
Штип 7.679, Активни 173
Струмица 7.516, Активни 321
Кичево 5.082, Активни 186
Кочани 4.772, Активни 152
Струга 4.481, Активни 117
Гевгелија 3.935, Активни 197
Неготино 3.347, Активни 199
Свети Николе 2.516, Активни 95
Ресен 2.445, Активни 114
Радовиш 2.360, Активни 121
Крива Паланка 2.259, Активни 70
Делчево 1.826, Активни 71
Берово 1.657, Активни 13
Дебар 1.532, Активни 31
Валандово 1.429, Активни 88
Виница 1.318, Активни 31
Пробиштип 1.266, Активни 17
Богданци 936, Активни 76
Кратово 900, Активни 28
Крушево 830, Активни 16
Демир Хисар 791, Активни 28
Македонски Брод 659, Активни 31
Македонска Каменица 515, Активни 21
Демир Капија 508, Активни 21
Пехчево 439, Активни 10
Дојран 237, Активни 6