Дел од нив се вратени од странство и се сместени во државните карантини, дел имале контакти со веќе заразени лица, а сега според последната уредба на владата, сите оние кои се тестирале за корона вирус мора да бидат во самоизолација се додека не ги добијат резултатите.

Пред една недела, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбр Адеми, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи беа во посета на Куманово, каде ситуацијата со заразени и починати беше алармантна и имаа средба со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ден подоцна доби резултати дека е позитивен на корона вирусот.

Сите завршија во домашна изолација, а според направените тестирања, Османи и Адеми се негативни на Ковид 19.