Вкупниот државен долг на Црна Гора изнесува 83,51 отсто од БДП
Вкупниот државен долг (без депозити) на Црна Гора, на 30.09.2021 година, изнесуваше 4,07 милијарди евра или 83,51 отсто од БДП. Вкупниот државен долг со депозити, на 30.09.2021 година изнесуваше 3,55 милијарди или 72,84 отсто од БДП, покажува Извештајот за државниот долг објавен од Министерството за финансии и социјална заштита.
Надворешниот долг изнесува 3,65 милијарди евра или 74,96 отсто од БДП, додека внатрешниот долг изнесува 417,36 милиони евра или 8,55 отсто од БДП.
Во третиот квартал од 2021 година, државниот долг е намален во однос на вториот квартал од 2021 година, пред се поради редовната отплата на внатрешниот и надворешниот долг.
Во текот на третиот квартал од 2021 година, црногорското министерство за финансии и социјална заштита-IFAC спроведе хеџинг трансакција со четири реномирани светски банки, со кои беше склучен аранжман за размена на валути во врска со кредитен аранжман со Exim China Bank. По тој повод беше извршена конверзија на доларскиот долг кај кинеската Ексим банка, на денот на трансакцијата, во износ од околу 818 милиони американски долари.