„Виза“ ја купува платформата „Тинк“ за 1,8 милијарди евра


Една од најголемите глобални платежни системи во светот – Visa – ќе ја купи шведската платформа Tink за 1,8 милијарди евра.

Tink е основана во 2012 година во Стокхолм и во неа работат околу 400 лица. Отворената банкарска платформа им обезбедува на банки,финтеч компании и старт-ап фирми да развиваат финансиски услуги.

Преку својот API, Tink обебзедува клиентите даимаат пристап до финансиски податоци, да имицираат плаќања и да создаваат инструменти за лични финансии, објаснуваат од Visa.