Виза го зголеми лимитот за бесконтактно плаќање до 2.500 денари


Потрошувачите кои плаќаат со виза картичка со опцијата приближи и плати (tap-to-pay), со нивната бесконтактна картичка од денеска имаат зголемен лимит до 2.500 денари. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25 отсто од претходниот максимален износ од 2.000 денари.

-Visa денес најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот кај Card Verification Method до 2.500 денари во Македонија. Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25 отсто од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции, информираат од компанијата.

Во соопштението се наведува дека бесконтактната технологија го обезбедува најбрзиот, најповолниот и најбезбедниот начин на плаќање и за потрошувачите и за трговците, овозможувајќи едноставни приближи-и-плати плаќања. Со повеќе од 40 отсто од трансакциите во Македонија, веќе направени со бесконтактно плаќање, оценуваат дека зголемувањето ќе продолжи да го подобрува искуството при купување кај потрошувачите.

-Кога потрошувачите плаќаат бесконтактно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), тие го сакаат непреченото, брзо и безбедно искуство, а и знаеме дека луѓето сакаат да го користат бесконтактното плаќање при купување повеќе од било кога, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа.