„Виз ер“ ја укинува скапата тарифа за телефонска поддршка на корисници


Фото: Б. Грданоски

Авиокомпанијата воведе промени за да им го олесни пристапот на патниците до помош и поддршка, како дел од својата посветеност за обезбедување на беспрекорно искуство за корисниците.

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија во регионот на ЕМЕА*, денес објави важно ажурирање на опциите за поддршка на корисниците, продолжувајќи да ја подобрува понудата за услуги за корисниците.

Од денес (21 јануари), авиокомпанијата ја укина својата линија за повици со висока тарифа, осигурувајќи се дека на никој од корисниците нема да му биде наплатено со тарифи за премиум повици. Корисниците од Северна Македонија можат да го посетат новиот Wizz Air центар за помош за повеќе информации за најдобриот број за контакт, при што ќе бидат применети локални тарифи.

За најбрз и најлесен пристап до помош и поддршка, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат својата онлајн self-service платформа, која е достапна преку  Wizz Air веб-страницата или мобилната апликација. Од тука, корисниците можат да управуваат со своите резервации, да добиваат информации за своите летови, да прават промени, да бараат поврат на средства или да решаваат проблеми поврзани со доцнења или откажувања. 

Корисниците можат да побараат 24/7 информации за резервации, статус на летови, багаж и услуги на WIZZ преку онлајн чет-ботот на авиокомпанијата, Amelia. За посложени прашања, достапни се и агенти за разговор во живо, кои исто така нудат помош 24/7 на англиски.

Корисничката поддршка останува важен аспект на инвестиција за Wizz Air, а авиокомпанијата постојано развива иновации за да го подобри искуството што им го нуди на патниците. Минатата година, Wizz Air ја воведе услугата Amelia Voice Service, која им овозможува на корисниците автоматизирани известувања за нивните резервации, обезбедувајќи суштински информации и насоки во случај на какви било нарушувања на нивниот лет.

Boglarka Spak, раководител на Корисничко Искуство во Wizz Air, изјави: „Ние сме посветени на обезбедување на најдоброто можно патничко искуство за нашите корисници. Корисничката поддршка е во фокусот на авиокомпанијата. Денешната објава е само еден пример за подобрувањата што ги правиме во оваа област. Продолжуваме да инвестираме во иновации за да се осигураме дека можеме да ги исполниме очекувањата на нашите корисници ширум светот.“