„VIVA L’OPERA!“ во НОБ по повод празникот Василица
„VIVA L’OPERA!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт што вечерва и утре вечер ќе се одржи во просториите на Националната опера и балет (НОБ), по повод празникот „Василица“.
Традицијата е востановена пред повеќе од 25 години, а како што информираат од НОБ, оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.
Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминоџвиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски и хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
Ќе настапат оперските уметници Весна Ѓиновска – Илкова – сопран, Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Марјан Јованоски – баритон и Александар Стефаноски – бас.
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.