Високите камати би можеле да стават клуч на околу 28.000 компании во Велика Британија


Околу 28.000 компании во Велика Британија следната година би можеле да банкротираат поради високите каматни стапки и трошоците за задолжување, јави Анадолија.

Во соопштението на Центарот за економски и деловни истражувања (ЦЕБР), со седиште во Лондон, се наведува дека во вториот квартал од годинава банкротирале вкупно 6.342 компании.

Се додава дека во текот на 2024 година околу 28 илјади компании во земјава би можеле да се соочат со ризик од банкрот.

Во соопштението се наведува дека политиката на зголемување на каматните стапки на Банката на Англија (БОЕ) имала негативно влијание врз работата на многу компании.

„Доколку големите инвестиции се одложат поради високите трошоци за задолжување и компаниите продолжат да банкротираат, тоа секако ќе има конкретни ефекти врз економијата“, се додава.

Според податоците објавени од британската Влада во јули, 6.342 компании банкротирале во земјата во вториот квартал од оваа година, што е највисоко ниво од 2009 година.