Висока е смртноста кај пациентите на респиратор


Министерот за здравство Венко Филипче, не го кажа точниот процент на смртност на пациентите кои се приклучени на респиратори, но рече дека е висок.

Тоа се должи, според него, што болеста не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органи, што доведува до смрт на пациентот иако е на респираторна поддршка.

Филипче најави и дека се очекува да пристигне набавката на респиратори преку двете фирми, што Владата ги обезбеди деновиве. Едните треба да пристигнат од Јужна Кореа, а другите од Германија.