Висок број новозаразени во Словенија


 

Во Словенија меѓу 1.793 тестирани примероци позитивни на корона вирус се 99 лица, додека нови смртни случаи од Ковид-19 не се пријавени ни денеска.

Пациенти во болница кои се лечат од Ковид-19 во Словенија има 31, пет повеќе од вчера. Шестмина се на одделението за интензивна нега, еден повеќе од вчера, додека на респиратори се седум пациенти. Во претходните 24 часа пет пациенти се пуштени од болница, а активни се 837 случаи, пренесе СТА.

Во Словенија од почетокот на пандемијата со корона вирус се заразија 3.702 лица, а починаа 135.