Вирусот во Италија конечно забави


Ширењето на вирусот Ковид 19 во Италија конечно забави, што е добар показател и стручњаците очекуваат дека врвот на епидемијата во земјата ќе биде неделава.

Предупредуваат дека следните денови се клучни во борбата со корона вирусот во таа змеја.

Италија, прва држава во Европа која воведе драстични мерки на карантин на целата територија поради спречување на ширењето на вирусот, ги зголеми контролите на улиците, со ограничувања и казни за прекршителите.

„Оваа седмица и неколку дена потоа се одлучувачки, бидејќи временскиот период кога мерките што ги воведе италијанската влада пред 15-20 дена треба да дадат резултати, и се очекува да видиме дека кривата на новозаболени паѓа побрзо во следните пет-шест дена, а и бројот на смртни случаи неколку дена подоцна“, изјави помошникот на директорот на Светската здравствена организација Раниери Гуера, за италијанското радио Капитал.

Според него, забавувањето во растот на новите случаи на заразени „ се исклучително значаен фактор“, во некои региони на Италија се смета дека е блиску падот на кривата, па „врвот би можел да биде оваа недела“, пренесе Танјуг.

Во Италија новиот број заболени и починати се објавува секој ден во 18 часот, а според вчерашните податоци, четврт ден по ред има пад на бројот на новозаболени.

Во неделата беа 3.957, во понеделникот 3.780, во вторникот 3.612, а во средата 3.491 новозаболени.

Жителите на Италија со 76 отсто ги поддржуваат мерките на владата, а многу европски земји го ископираа нивниот модел за справување со епидемијата од корона вирус.